#ТРЕНД
Шварценегер доби зелено светло за неговата прва ТВ-серија
Тој се враќа во акција со возбудлива нова улога.
Арнолд Шварценегер доби зелено светло за првпат да се појави во телевизиска серија, додека се подготвува да глуми во проект на „Нетфликс“ за глобална шпионажа.
Арнолд (73) и Моника Барбаро (30) ќе го портретираат дуото татко-ќерка во сè уште ненасловената серија, за која стримиг-гигантот нарача осум епизоди откако ги откупи правата.
„Фановите од целиот свет со години бараа нешто вакво, диво и возбудлово, а сега конечно ќе го добијат тоа благодарение на нашите големи партнери во Skydance и Netflix “, изјави Шварценегер.
Шварценегер и Барбаро ќе глумат татко и ќерка, кои и двајцата работат за ЦИА, не знаејќи за другиот, пишува „Холивуд репортер“.
Sвездата на „Терминатор“ и поранешен гувернер на Калифорнија е исто така извршен продуцент на серијата, што ќе обележи негова прва улога во серија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.