Популарната анимирана серија The Simpsons уште во 2012 година прикажала сценарио со вирус што се шири на крузер, што многумина сега го поврзуваат со актуелната епидемија на хантавирус на холандскиот брод „МВ Хондиус“.Во една епизода, Хомер и Марџ Симпсон со своите деца се наоѓаат на крузер кога на бродот се активира аларм, а на голем екран се емитува порака дека смртоносниот „вирус Пандора“ брзо се шири и дека сите бродови мора да останат на море.Сцената предизвикува паника меѓу патниците, но подоцна се открива дека во епизодата всушност немало вистински вирус, туку станувало збор за шега на Барт Симпсон за да го продолжи одморот.Серијата и претходно беше во центарот на вниманието поради наводни „предвидувања“ на идни настани, меѓу кои и победата на Donald Trump на изборите во САД, договорот меѓу „Дизни“ и „21st Century Fox“, како и појавата на паметни часовници.Актуелната епидемија на хантавирус на крузерот „МВ Хондиус“ избувна во април годинава за време на патување од Аргентина кон Зеленортските Острови. Според Светската здравствена организација, потврдени се седум случаи на инфекција и три смртни случаи.
