Вчеравечер на булеварот Партизански одреди, во близина на хотел „Карпош“, лицето Г.Б, син на политичарот Амди Бајрам, предизвикал верижен судар. Тој, според очевидци, возел побрзо од пропишаното кога со својот автомобил удрил во две возила. Синот на поранешниот пратеник бил во алкохолизирана состојба, пишува „Република“.
Според очевидците, откако ги оштетил останатите возила и предизвикал сообраќајка, Г.Б. излегол од своето возило „масерати“ и со боксови ги нападнал присутните.