Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ВИДЕО) Ѓоковиќ направи елитна журка, која може да резултира како корона бомба

Новак Ѓоковиќ како организатор на егзибицискиот турнир реши да собере дел од елитните тенисери и да ги покани во Белград. Во Србија мерките на претпазливост поради коронавирусот беа значително олабавени, па тенисерите освен што се натпреваруваа пред публика, се журкаа во дискотека и се дружеа со многу луѓе.

Григор Димитров беше првиот тенисер позитивен на Ковид-19, а следуваше и Борна Чориќ и уште две други лица. Пред турнирот да се пресели во Задар, Хрватска, тенисерите и многу други гости се журкаа во Белград.

Ѓоковиќ, Димитров, Александар Зверев, Горан Иванишевиќ и еден куп други гости, танцуваа заедно, пиеја, се гушкаа, кратко речено одлично се журкаа.

Извор и повеќе за настанот на Спорт1.мк

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: