#ФАЦИ

Синот на Драган Вучиќ проговори за смртта на неговиот татко

Објавено на

Ноќеска во болница почина познатиот пејач и водител Драган Вучиќ(65). Нему пред една недела  тестовите покажале дека е позитивен на корона вирусот, по што бил пренесен во болница.

-Вистина е, почина татко ми од тоа зло, ни потврди низ солзи неговиот син Мартин Вучиќ.

Во кусиот разговор со него тој кажа дека пред десетина дена семејството дознало дека бил позитивен, но дека не било страшно.

-Вчера и се јавиле на мајка ми дека се е во ред, а утрово и се јавиле дека ноќеска починал. Не знам. Во шок сме, ни рече тој.

Како и што се случило засега се уште не се знае.

Мартин само рече: „Не можеме и да го испратиме како треба“.

Блиски на семејството велат дека последниве денови бил во лоша здравствена состојба, по што бил хоспитализиран во болница, каде и му е дијагностицирана заразата со корона вирусот.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version