Акционата sвезда Вил Смит доби нов фан.
Во средата 62-годишната актерка ветеран Џејми Ли Кертис му аплаудираше на Вил, кој претходно сподели фотографија без кошула и напиша дека е во најлошата форма во својот живот.
Во објава на Инстаграм, ѕвездата од „Ноќта на вештерките“ потенцира дека самоприфаќањето и самољубието е многу важно.
Таа постираше поделена фотографија: лево е Вил во неговиот сега познат портрет, а од десната страна е Џејми на фотосесија за списанието „Мор“, што им помога на читателите да видат какво е телото со реален изглед.
Џејми, ќерка на холивудската легенда Тони Кертис, напиша: „Прифаќањето на релноста е првиот чекор кон секоја промена.“
„Мојата стара фотографија за магазинот More е доказ за тоа како сум изгледала порано, а исто така и начин да ја покажам вештината на рекламирање во списанија, но и шанса да се погледнам во огледало и да направам некои промени сега.“
Таа додаде дека никој не треба да се чувствува нездраво. „Сите западнавме во лоши навики“, вели таа, алудирајќи на самоизолцијата среде пандемија на Ковид -19.
„Целта е самоприфаќање, самољубие. Реално, достижно самоприфаќање.“
Во вторникот наутро Вил (52) се огласи на Инстаграм за да сподели бумеранг од себе во црни боксерки. Тој откри дека е на работ да го започне своето фитнес-патување и дека сето тоа ќе биде документирано на претстојниот проект на Јутјуб.