#ЏЕТ-СЕТ
Сите ракометари негативни на коронавирус пред натпреварот со Финска
Ракометната федерација на Македонија потврди дека сите ракометари и членови на стручниот штаб се негативни на коронавирусот пред натпреварот против Финска.
„Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на ЕХФ ЕВРО 2022 со репрезентациите на Финска и Швајцарија, а во согласност со протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна федерација на Македонија ги направи последните тестирања на Ковид-19. Сите резултати на ракометарите и стручниот штаб се негативни“, стои во соопштението на РФМ.
Оттаму велат дека и селекцијата на Финска ги потврди списокот на ракометари и делегацијата што доаѓаат во Македонија, сите со негативни тестови.
Натпреварот Македонија – Финска се игра вечерва со почеток од 20 часот. Поради коронавирусот, селекторот Брестовац не може да смета на тројца ракометари и тројца членови на стручниот штаб.