#ФАЦИ

Слаткар и Сања станаа родители

Објавено на

Поранешната Мис на Македонија, Сања Николиќ, и раперот Марко Маринковиќ-Слаткар станаа родители. Веста дека добиле син ја објави Слаткар на неговиот Фејсбук профил.

„Се роди Моша Маринковиќ, голем да му расте!“, напиша Слаткар.

Ова е прво дете на некогашната манекенка и музичарот. Тие долго време ја криеја бременоста од јавноста. Веста дека чекаат бебе Слаткар ја објави на Нова година, кога на социјалните мрежи сподели слика од бремената Сања. Тогаш напиша дека 2020 ќе му биде најубавата година во животот. Двојката се венча 2014 година.

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version