Медиасет.мк

#ФАЦИ

Софче Џорлева по две недели на кислородна поддршка ја победи короната

Откако ѕвездата на „Гранд“ Огнен Здравковски неодамна откри дека има корона, сега преку „Фејсбук“ напиша дека и неговата мајка, пејачката Софче Џорлева, била позитивна на Ковид-19. Тој раскажа дека таа болеста ја поминала многу потешко и дека се излечила по две недели во болница, каде што била на кислородна поддршка.

„Сите што ја познавате мајка ми Софче Џорлева, знаете каква жена е. Секогаш позитивна, насмеана и секогаш со смисла за хумор, па така и успеа да го победи Кивид-19 иако беше премногу критично и ништо не се знаеше. Два недели лежеше на инфективната болница во Скопје, со кислородна поддршка, со гушење и со многу намален капацитет на дишење… Конечно, по 12 дена со два негативни теста си дојде дома и ја доби битката со овој најгаден вирус“, напиша Огнен.

Тој во објавата му се заблагодари на тимот од инфективната болница што се грижел за неа и што ѝ помагал цело време додека била таму.

Огнен, пак, кој пред десетина дена кажа дека иа корона, сè уште не потврдил дека е оздравен.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2645942438953808&set=a.1496564403891623&type=3&theater

Трендинг

На почеток
error: