#ХАЈТЕК

Sony има далечински управувач кој воедно е и преносен звучник

Објавено на

Sony неодамна претстави нов далечински управувач, кој исто така има можност да се користи и како преносен звучник.

Како што може да се види од фотографиите, не се работи за класичен далечински управувач. Уредот има прилично големи димензии, а на ова влијае делот со звучникот, кој е вграден во куќиштето. Тоа значи дека корисниците кои сакаат да слушаат музика во својата соба, или во движење, ја имаат таа опција.

Дополнително, уредот може едноставно да го собере во соба, а преку функцијата на далечинска контрола можно е да се контролира ТВ уредот. Далечинското/звучник хибрид има и некои други функции, како што е приклучок за слушалки, а отпорен е и на прскање со вода.

Sony тврди дека корисниците со звучникот на располагање имаат околу 13 часа работен век на батеријата. Уредот моментно е достапен само во Јапонија и не е познато дали ќе се појави глобално.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version