„Sony“ подготвува нов паметен телефон од висока класа, кој ќе биде претставен за помалку од еден месец.
Во склад со актуелната стратегија на Sony, Xperia 5 има 6,1-инчен FULL HD+ HDR OLED екран со формат 21:9 и со фреквенција на освежување од 120 Hz.
Направени се и подобрувања на камерите – сите 3 камери(главна, ултраширока и телефото камера) имаат 12 MP.
„Xperia 5 II“ ќе користи процесор „Qualcomm Snapdragon 856“, 8 GB RAM меморија и 128 GB меморија, а исто така ќе има и слот за „microSD“ картички. Моделот ќе поддржува „5G“ мрежи, ќе има батерија од 4000mAh, USB-C порт и стандарден приклучок за слушалки.
Уредот се очекува да биде официјално претставен на 17-ти септември годинава.