Медиасет.мк

#ТРЕНД

Сопругата на Коби Брајант го тужи шерифот на полицијата во Лос Анџелес

Сопругата на славниот НБА кошаркар Коби Брајант, Ванеса Брајант го тужеше шерифот на полицијата во Лос Анџелес и целата полициска станица затоа што ѝ предизвикале огромна емоционална болка и вознемиреност по смртта на нејзиниот сопруг и ќерка.

Имено, Ванеса тврди дека полицајците со своите мобилни телефони ги сликале мртвите тела на нејзиниот сопруг Коби и ќерката Џиџи Брајант на местото на несреќата.

Имено, Ванеса тврди дека полицајците со своите мобилни телефони ги сликале мртвите тела на нејзиниот сопруг Коби и ќерката Џиџи Брајант на местото на несреќата.

Фотографиите биле предмет на разговор во канцеларијата на шерифот, како и надвор од просториите на полицијата во Лос Анџелес, тие ги покажувале сликите, кои немале никаква улога во истрагата.

Така, еден од полицајците бил во некој бар и ги покажувал контроверзните фотографии на жената што се обидувал да ја импресионира, а во тој момент ги видел шанкерот и веднаш пријавил во полиција.

Шерифот на полицијата се обидел да ја прикрие целата ситуација, но тоа било невозможно. Тој ги убедил своите колеги да ги избришат сликите, но во тужбата се наведува дека тој само се обидувал да ги уништи доказите.

„Госпоѓата Брајант се вознемирува од помислата на непознати како ги гледаат сликите од нејзиниот покоен сопруг и ќерка. Ванеса живее во страв дека еден ден таа или нејзините деца ќе се соочат со ужасните фотофрафии од нивните најблиски на социјалните мрежи, а токму тоа сака да го избегне“, изјави адвокатот на Ванеса.

На почеток
error: