Сопругата на Жељко Јоксимовиќ, Јована, и нејзиниот колега Срѓан Предоевиќ, со кого ја водеше утринската програма на „Прва ТВ“, добија отказ од работа. Веста дека се избркани беше објавена на инстаграм и фејсбук-страниците на најгледаната телевизија во Србија.
„Телевизијата „Прва“ реши да ја прекине соработката со Јована Јоксимовиќ и Срѓан Предоевиќ поради непочитување на работните обврски“, напишаа тие, а Јована веднаш им врати: „Каква е телевизијата, таква е и објавата“.
Неофицијално, причината за отказот се несогласувањата меѓу продукцијата и водителскиот пар, а делумно и новиот водител Филип Чукановиќ, кој ги менуваше во текот на летото. Исто така, одамна се пишува и дека Јована била многу арогантна, се карала со сите, а и дека имала висока плата, која, според сопствениците, не ја заслужувала.