#ТРЕНД

Сопругот ја уценува Тања Савиќ да му се врати, ако сака да си ги види децата

Објавено на

Пејачката Тања Савиќ изјави дека нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ја уценува и бара од неа да му се врати назад, ако сака да си ги види нејзините деца.

Душан и ги зема двајцата синови на Тања и заедно со нив замина во Австралија. Пејачката веќе неколку месеци не е во можност да се види со нив. Таа побара и помош од државата и ангажираше адвокат, за да може да замине во Австралија.

„Тој мене ме уценува веќе подолго време да му се вратам. Во спротивно нема да ми ги даде децата. Јас немам авион, па го прашав дали може тој да дојде. Тој ме уцени и побара повторно да бидеме заедно, а јас и имам докази за тоа“, изјавила Савиќ.

Пејачката вели дека сопругот и испратил порака дека сака да бидат заедно, или дека тој ќе остане сам во Австралија со неговите деца.

„Јасно е за каков профил на луѓе станува збор. Тој е себичен, нарцис. Само мисли на себе. Воопшто не мисли на децата“, вели пејачката.

Таа вели дека имала закажан лет за во Австралија, за во октомври, но и бил откажан. Постои уште еден лет преку Индонезија, но Савиќ вели дека не сака да ризикува. Короната уште е актуелна и таа не сака да ризикува.

„Јас на моите деца им требам жива и здрава, а не болна. Не сакам да се загрозам себе си и децата. Не сакам да ризикувам. Кој знае каде ќе ме затворат или ќе ме држат во карантин“, вели таа.

Трендинг

Exit mobile version