#ТРЕНД

Срби во Австралија ѝ помагаат на Тања Савиќ да си ги врати децата

Објавено на

Семејната драма што ѝ се случува на Тања Савиќ, откако сопругот ѝ ги зеде децата и ги одведе во Австралија, поттикна група Срби да ѝ понудат помош, финансии, адвокат, но и работа на пејачката. Иницијативата потекнала од жена која и самата имала слични проблеми во минатото, па сега сака да ѝ помогне на Тања да дојде во Австралија за да биде покрај синовите Максим и Ѓорѓе. Пејачката веќе четири месеци не ги видела децата, откако нејзиниот сопруг Душан Јовановиќ ги одвел без нејзино знаење.

„Сакаме да ѝ помогнеме на Тања, но важна е соработката со неа. Ме интересира зошто не дојде овде. Да не нема пари да купи карти или проблем ѝ е работата, непознавањето на јазикот, законот или страв? Јас го знам законот и можам да ѝ помогнам. Иако не е државјанин на Австралија, се води како граѓанин на оваа земја и има свои права. Ако се проблем парите, нека знае дека нашиот народ овде е подготвен да помогне. Живеат во Голд Коуст и подготвена сум целиот случај да го пријавам во полиција, но не може само така да се отиде таму и да се прашува за некого поради приватноста“, рекла жената со иницијали Љ.Ј за српските портали, но побарала нејзиното име да не се открива.

„Тања треба да дојде во Австралија и да се јави кај социјален работник. Веќе прашав сопственик на еден ресторан, исто наш човек од Србија, и тој е подготвен да ѝ помогне. Може овде да пее, да заработува и да има пари. Нашиот народ е многу силен, многу овде дошле со куфер и со дете, па се снашле. Ако се плаши за својата безбедност, може да бара заштита од полицијата. Мене не ми е тешко да се ангажирам, да ѝ помогнам. Ако не сака да зборува за медиумите, може да ми се јави, да се довери на некого. Ние имаме и адвокат кој помага во такви случаи, така што можеме сè да ѝ обезбедиме“, напишала жената во мејлот што го испратила до медиумите.

Новинарите ѝ го испратиле меилот на Тања, која рекла дека ќе стапи во контакт со госпоѓата која ѝ нуди помош.

„Воодушевена сум од тоа какви луѓе има, посебно меѓу нашите луѓе. Така да сакаат да помогнат, да се обединат за една мајка. Ме расплакаа. Ќе контактирам со оваа прекрасна жена првенствено да ѝ се заблагодарам. Секоја помош е добредојдена, така што ќе разговарам со неа, за почеток да го слушнам нејзиното мислење. Со помош на такви луѓе има надеж дека можам да си ги вратам децата“, рекла Тања.

Тања неодамна најави дека ќе се бори за своите деца, иако тие имаат австралиско државјанство, а таа не, и планира да побара развод од сопругот кој без нејзино знаење ги одведе во Австралија.

Трендинг

Exit mobile version