#ФОКУС

Србите најaвија штрајк со глад, револтирани што неможат да летуваат во Грција

Објавено на

Србите се револтирани затоа што ова лето нема да можат да патуваат во Грција.

Има најава за протести и штрајк со глад.

Оваа сезона ќе помине без одмор на грчките плажи.  Грција ќе остане затворена за српските граѓани и по 15 септември.

Оваа вест поттикна гнев кај туристите и сопствениците на агенциите.

Неполн час по објавувањето на неофицијалните информации дека границите остануваат затворени, сопствениците на туристички агенции и туристи кои ги купиле аранжманите, за медиумите изјавија дека планираат да ја блокираат грчката амбасада во Белград.

Тие планираат да започнат штрајк со глад се додека не се промени одлуката и не им се дозволи влез на граѓаните на оваа земја, објави „Новости“.

Грција одлучила да ја продолжи забраната за влез на српските граѓани по 15 месецов.

По објавата, директорот на туристичкото здружение Јута, Александар Сеничиќ, за РТС изјави дека таквата одлука е очекувана затоа што епидемиолошката состојба во Грција е лоша.

Околу 100 милиони евра на српски граѓани се „заробени“ преку туристичките агенции во Грција и други дестинации, меѓу кои Шпанија и Италија.

Епидемиолошката состојба не е сјајна ниту во Србија.

И македонските граѓани испуштија одмор во Грција поради коронавирусот.

Трендинг

Exit mobile version