Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се младенци на годинашната „Галичка свадба“

IMG_4951

Стефана Димитрова и Даријан Кочоски се невеста и зетот на годинашната Галичка свадба која ќе се одржи претстојниов викенд. Младенците ќе се венчаат во недела, 14 јули, во црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Галичник со извршување на вековните свадбени обичаи и обреди.

Галичко потекло има невестата Стефана, која на прес-конференција денеска рече дека е преплавена од емоции, чувствува среќа и возбуда и е почестена што со Даријан годинава ќе бидат младенци на Галичката свадба.

,,Верувам дека правилно ќе ја почувствуваме и ќе ја пренесеме галичката традиција која ни е оставена во наследство од нашите предци. Не треба да дозволиме нејзино искоренување. Ова беше моја желба, но многу е важно кој ми ја исполни таа желба - му благодарам многу на Даријан што уште еднаш ми покажа што значи вистинска љубов и разбирање.”, истакна Стефана Димитрова.

Нејзиниот сопруг Даријан Кочоски рече дека со задоволство прифатил да биде зет на годинашната манифестација која секоја година ја посетуваат многу домашни гости, но и странски туристи. Се заблагодари на организаторот, Месната заедница Галичник, што ги избрала токму нив да бидат младенци на „Галичката свадба 2024“.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Патувања

Сите →
media-libraryj3cgrut7r8ai9LGgr2h

Мајли Сајрус организираше предсвадбена вечера, објавени фотографии од прославата

пред 1 час
277910494_401685251332515_2272275829076403867_n

Лозано најави седум настапи во САД и голем солистички концерт во Скопје

пред 7 часа
severina

Бура во Тузла поради Северина: Покрената петиција за откажување на новогодишниот концерт

пред 11 час
media-library8d042j9bkidk1J86Aca ВИДЕО

(Видео) Спасен Сиљаноски ги воодушеви фудбалските ветерани во Битола: Го повикале од Скопје да им ја испее „Мајка“, а тој веднаш тргнал!

пред 12 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања