Медиасет.мк

#ОХРИД

Стефоска не му се плаши на Мерко ниту е задоволна од него, а за Охрид вели дека крајбрежјето е „спастрено“


„По таа моја изјава, градоначалникот на Охрид, како и градоначалникот на Струга ги исполнуваат препораките. Илјадници метри квадратни од крајбрежјето, за првпат по многу години се спастрени. Тоа не значи дека во Струга не треба и не може да е подобро. Секој нека си ја понесе својата одговорност од должоста која ја има. Министерството за култура не е истражен орган. Мене не ми треба слава, ни што и да е, само кажувам дека секој од нас кога е на позиција, според хиерархијата да си го понесе својот дел од одговорноста, а сите заедно да работиме на заштитата Со инсинуации од медиумите, дали се плашам, јас лично од никого не се плашам. Јас не сум задоволна. Не, не сум задоволна. И не сме задоволни од работата на институциите на централно и локално ниво. И од господинот Мерко. Но, не заборавајте што се случи и на крајбрежјето во Струга, за првпат, со платформите“, рече Стефоска.

Таа повика секој да си го понесе својот дел од одговорноста за непостапувањето.

„Кажувам дека децениски направените пропусти и неделувањето, потоа ни се удира врз глава на сите нам. Јавно апелирам и повикувам, една работа е и тука не бегам од одговорност, затоа сме толку министри наредени, апелирам до локалните власти, невладините, граѓаните, апелирам секој да го понесе својот дел од одговорноста“, рече Стефоска.

На почеток
error: