#ФОКУС
Стотина заразени со коронавирус, пиеле пијачка со иста сламка
Расте бројот на заразени со коронавирус, сега веќе 98, особено оние што се поврзуваат со еден ноќен клуб во Прага. Меѓу заболените се и фудбалери од неколку клубови од градот. Здравствените власти велат дека ова е еден од најголемите кластери во Чешка од почетокот на епидемијата.
Тие сметаат дека изворот на заразата е една жена која немала симптоми кога присуствувала на роденденската забава во еден ноќен клуб во центарот на Прага на 11 јули. Меѓу заразените се 68 гости и седум вработени во клубот. Во карантин се ставени 273 луѓе.
Чешките медиуми објавија дека некои од гостите се заразиле така што пиеле пијачка со иста сламка.
Во средата, Чешка регистрираше 247 нови случаи на коронавирус, што е најголем дневен пораст од крајот на јуни.