#ЏЕТ-СЕТ

Стружанец ги почести вработените со одмор во Анталија

Објавено на

Сопственикот на фирмата ПН Метал, исто така сопственик и на познатото охридско кафуле ИТ кафе, своите вработени ги испрати на одмор.

Тој досега неколкупати знаел да ги почести вработените со одмор, но најинтересно е сега, во услови на пандемија кога на директорите им е полесно да отпуштаат, сопственикот на „ПН Метал“, ресторанот „Валентино“ и кафулето „ИТ“, ги испратил своите вработени на одмор во Анталија, Турција.

Порталот „ММС“ го контактирал Плаќаноски со цел да му пренесе дека сака да го пофали, но тој изјавил дека не направил ништо посебно и не сака да се експонира.

„Јас не направив ништо посебно. Заминаа на заслужен одмор. Нема ништо чудно. Не е прв пат. Биле на одмор на места од екс Југославија, во Бугарија и во Македонија, но сега е прв пат да заминат подалеку. Заминаа на 12ти, пред неколку дена 126 вработени. Секако во фирмата се многу повеќе вработени, но поради семејни причини некои не можеа, а и со чартер летот толку можеа. Ова е еден вид заслуга, на некој начин. Нема потреба од никаква идеја овде, ниту, пак, дека јас сум направил нешто посебно. Едноставно треба да му се каже „фала“ на работникот. Ние сме еден вид семејство, така се однесувам со нив. Ние сите сме исти, луѓе сме.

Газдата без работник не може никогаш да опстане, а и обратно, работниците не можат без газда. А кога сме веќе така поврзани убаво е да се почитуваме. Не е само одмор, се помагаме за се, за свадби, за раѓање, за недај Боже. Се она што може да се помогне се помага. Ќерка ми работи со мене, таа е дел од тимот, а другата е уште во школо. Фирмата се занимава со производство на шпорети, семејна фирма е по татко, по дедо. Платите не доцнат. Ако мене ми е убаво и ним треба да им е. Сметам дека работата за сите треба да е свето нешто, но според начинот на кој живееме денес, вработените се супер. Пак ќе речам, луѓе сме сите, нема ништо чудно во ова„, изјавил стружанецот и додал: „Ве молам не ме фалете толку, јас сум само човек“.

Трендинг

Exit mobile version