Медиасет
Светот зборува за ВАР: Поништениот гол на Хрватска предизвика бурни реакции, а се огласи и ФИФА
Елиминацијата на Хрватска од Португалија со 2-1 во осминафиналето на Светското првенство предизвика големи реакции во фудбалската јавност, но најмногу внимание привлече поништениот гол на Хрватите во продолжението од натпреварот.Во 103. минута Јошко Гвардиол ја испрати топката во мрежата за израмнување, но по интервенција на ВАР погодокот беше поништен поради офсајд. Според објаснувањето на ФИФА, при анализата биле искористени системот „Connected Ball Technology“ и сензорите вградени во топката,