#ФОКУС

СЗО: Во 2022 година светот може да размислува за враќање на животот пред Ковид-19

Објавено на

Дури во 2022 година светот може да започне да размислува за враќање на животот пред Ковид-19, рече д-р Соумја Сваминатан, научник од Светската здравствена организација (СЗО) во Женева

„Зборуваме за 2022 година, така што ќе мора подолго време да ги задржиме истите мерки што се применуваат, кои вклучуваат одржување на физичка дистанца, носење маски и одржување редовна хигиена“, им рече на новинарите д-р Сваминатан на онлајн конференција организирана од  Обединетите нации, пишува Си-Ен-Ен.

„Овие мерки ќе мора да продолжат и кога ќе ја имаме вакцината и кога ќе започнеме со вакцинирање затоа што потребно е 60 до 70 проценти од популацијата да стекне имунитет пред да биде видливо драматично намалување на преносот на овој вирус“, рече таа.

„Ние исто така не знаеме колку долго ќе штитат вакцините – тоа е уште еден голем прашалник: колку трае имунитетот? И можеби ќе ви треба ‘засилувач’“, рече д-р Сваминатан.

Таа додаде дека здравствените власти во моментов сакаат да го контролираат коронавирусот, наместо да го елиминираат.

„Иако временската линија е сè уште неизвесна и тешко е да се предвиди, мислам дека може да се каже дека дури во 2022 година можеме да започнеме да размислуваме за враќање на нормалниот живот пред Ковид-19“, рече д-р Сваминатан и додаде дека не смета дека коронавирусот ќе стане сезонски вирус.

Наместо тоа, додаде таа, може да очекуваме да видиме подеми и падови во бројот на заразени.

Трендинг

Exit mobile version