Медиасет.мк

Медиасет

Тајланд е првиот во Југоисточна Азија кој одобри истополови бракови

Пратениците во Долниот дом на тајландскиот парламент денеска со големо мнозинство го одобрија предлог-законот со кој Тајланд ќе стане првата земја во Југоисточна Азија која ги легализираше истополовите бракови.

Со предлогот на законот за брачна еднаквост се изедначуваат правата на сопружниците од кој било пол.

400 од 415 присутни членови на Претставничкиот дом гласаа „за“, 10 гласаа против, двајца беа воздржани и тројца не гласаа.

Законот ги менува и поимите мажи и жени, и маж и жена во „поединци“ и „сопружници“. Ова ќе го отвори патот за постигнување финансиски и медицински права за ЛГБТК+ паровите.

Законот сега се испраќа до Сенатот, кој ретко ги отфрла веќе усвоените нацрт-закони во Долниот дом, а потоа законот го одобрува кралот.

Трендинг

На почеток
error: