Медиасет.мк

#ФАЦИ

Тамара има нова песна напишана од Џамбазов

Поп -пејачката Тамара се враќа на македонската музичка сцена со нова песна која носи наслов „Слобода“.

„Ова е песна за можеби најважната работа во животот, а тоа е слободата. Слобода да бидеш тоа што сакаш да бидеш и да го живееш животот онака како што сакаш да го живееш. Слобода да се изразуваш, слобода да се менуваш, да се трудиш да бидеш подобар човек но истовремено и да ги инспирираш другите да станат подобри. Слобода да разбереш, да простиш, да љубиш. Слобода да направиш грешка но да научиш од неа“, вели Тамара.

Музиката за песната е на Роберт Билбилов, аранжманот е на Дарко Димитров , а текстот на Игор Џамбазов. Песната има три верзии, македонска, српска и англиска насловена како „Rise“.

„Слобода“ е прва македонска песна од третиот студиски албум на Тамара кој треба да излезе до крајот на летото, a видеото ќе биде пуштено за две недели.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: