#ФАЦИ
Тамара Тодевска ѝ го прослави роденденот на ќерката Хана во Гевгелија
Ќерката на Тамара Тодевска и Александар Димитровски – Мачка наполни четири години. Славната македонска пејачка со сопругот ѝ организираа роденденска забава на малата Хана во домашни услови во Гевгелија.
Хана имаше торта со принцези и сино фустанче за својата забава. Тамара во описот на фотографиите напиша: „Тортата ја направивме свекрва ми и јас“.
Тијана Дапчевиќ со порака ѝ го честиташе роденденот на внука си Хана. Таа објави фотографија и напиша: „Ова е мојата вила Хана. Се роди пред 4 години на денешен ден и ова е прв роденден кој не го славиме заедно. Но, ќе има уште родендени и убави денови, девојче мое најмило, само да бидеме здрави! Те сака тета до небото и ѕвездите“.