Македонската пејачка Тамара Тодевска по повод големиот христијански празник Велигден се огласи на својот Фејсбук.
„Драги мои,
Ова ќе биде еден поинаков Велигден за сите нас. Следува карантин од 4 дена. За жал, оваа година нема да можеме да ги правиме работите што вообичаено сме ги правеле за време на овој голем празник. Сигурна сум дека ќе помине и ова но сега, во овој момент, важно е сите да останеме дома и да ги почитуваме препораките на Министерството за здравство.
Знам дека следуваат подготовки за Велигден и би сакала да ве замолам, одржувајте 2 метри растојание кога одите во маркет или комуницирате со луѓе. На овој начин го спречувате ширeњето на коронавирусот и спасувате животи.
Спаси живот од два метри. Држи растојание!
Ве сакам“.