Медиасет.мк

#ФОКУС

Татко кампува пред болницата во која лежи синот, само за да зборува со него преку токи-воки

Роберто Матеш е 47-годишен полициски инспектор во пензиј, како и поранешен хрватски бранител. Балканот, пак, ќе го запамети како таткото кој веќе со денови кампува пред болницата каде лежи неговиот син, само за тој да знае дека неговиот татко е тука.

Седумгодишниот Шимун од понеделникот е хоспитализиран во болницата во Пакрац, Хрватска, поради коронавирус. Според протоколот, на родителите им е дозволено да ги посетат своите деца само 15 минути во текот на денот.

Затоа Роберто го постави својот шатор пред болницата и секогаш е тука кога Шимун ќе го повика да си прават муабет преку токи-воки.

„Не протестирам, само сакам да сум што поблиску до моето дете, за да му го олеснам секојдневието. Секогаш кога ќе ме побара, се смирува, бидејќи знае дека сум тука, Нервозата и стравот веднаш му поминуваат, а и мене ми е полесно“, раскажа таткото за хрватсите медиуми.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: