Медиасет.мк

#ТРЕНД

Тејлор Свифт изненади медицинска сестра која се грижи за заболени од коронавирус

Тејлор Свифт за роденденот на медицинската сестра Витни Хилтон ѝ напиша порака за да ѝ се заблагодари за нејзината улога во борбата со коронавирусот. Таа ѝ испрати кутија полна со маици со својот лик, како и рачно напишана порака.

„Сакав да ти испратам подароци за да ти кажам колку ти сум благодарна. Не можам да ти се заблагодарам доволно што си го ризикуваш животот за да им помагаш на луѓето и што гласно ја шириш пораката дека луѓето треба да го сфатат ова сериозно. Видов и фотографија од тебе на мој концерт! Ти благодарам што дојде. Следниот пат, би сакала да те гушнам и лично да ти се заблагодарам“ – напишала Свифт.

Витни на социјалните мрежи ја објави пораката, како и фотографии од изненадувањето.

„Сакам јавно да ѝ се заблагодарам на Тејлор Свифт што за мојот 30-ти роденден ми испрати кутија полна со маици и персонализирано писмо напишано од неа за тоа што отидов во Њујорк да помагам како медицинска сестра. Ова ми е најдобриот ден во животот“ – напиша Витни.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: