Медиасет.мк

ХОРОСКОП

Хороскопски знаци кои најбрзо преболуваат раскинување

Некои луѓе брзо го надминуваат раскинувањето, додека на други им треба подолго време да се кренат на нозе и да продолжат понатаму. Овие три хороскопски знаци поминуваат најкраток период на жалење по врската и продолжуваат напред со храбар чекор.

ОВЕН

Овните едноставно немаат потреба да патат по поранешните љубови – кога ќе раскинат, готово е. Тие нема ни да се трудат да најдат брза замена или утеха, но благодарение на нивниот шарм, не остануваат сами долго време. Мирно го прифаќаат раскинувањето, без разлика дали оставаат или се оставени.

БИК

Овој хороскопски знак добро ги поднесува раскинувањата бидејќи е разумен и рационален. Биковите се прилично традиционални и конзервативни и обично имаат долги врски. Тоа значи дека воопшто нема да брзаат да почнат нова, но продолжуваат со животот со гордо крената глава и никогаш нема да зборуваат лошо за бившите. Едно е сигурно – никогаш нема да се обидат да ја обноват врската откако раскинале.

ЛАВ

Лавовите сѐ прават со многу страст и се трудат да ги спасат врските до последен здив. Тоа исто така значи дека ако еднаш решиле да ја прекинат врската, имаат силна причина за тоа и си заминуваат без да се свртат назад. Ако им раскинете, достоинствено ќе се повлечат, но не помислувајте дека ќе имате пак шанса кај нив. Лесно ќе најдат нова љубов и не им е гајле дали ќе биде минлива или „она вистинското“.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: