#ФАЦИ
Тијана едвај чекаше да се отворат границите за да замине на море
Македонската поп пејачка која живее во Србија, Тијана Дапчевиќ не дочека па откако се отворија веднаш замина на море.
Таа заедно со семејството замина за Грција, па на социјалните мрежи објави фотографија покрај море.
„Јас на море! Сега мајка ми ќе речеше: „Тијана, не можеш да започнеш реченица со јас“, а јас ќе кажам дека можам, да се сликам со голите нозе и целулитот кој е мој. Секоја бразда на моето тело има своја историја и нема ништо да филтрирам, бидејќи сум горда на моето тело. Или, што би рекла една моја пријателка: „Сакај се себе и тоа „себе“ нека те сака тебе“, напиша Тијана на социјалните мрежи.