#ДОСИЕ
Тој не е совршен, а не си ни ти – ако може да те насмее, предај му се целосно
Тој не е совршен. А не си ни ти. И вие двајца никогаш нема да бидете совршени.
Но, ако може да те насмее барем еднаш, да направи да размислиш два пати и признава дека е човек и дека прави грешки, држи се за него и предај му се целосно.
Тој нема да ти цитира поезија, нема да мисли на тебе во секој момент, но ќе ти даде дел од себе за кој знае дека можеш да го скршиш.
Немој да го повредуваш, немој да го менуваш и не очекувај повеќе од она што може да ти даде.
Не анализирај. Смеј се кога ќе те прави среќна, викај кога ќе те излудува и нека ти недостасува кога не е покрај тебе. Кога имаш љубов, сакај со цело срце.
Совршени мажи не постојат, но постои еден кој е совршен за тебе…