Осумгодишната Елеонора Тодоровска од Скопје заминува на лекување, благодарение на хуманите граѓани. Нејзиното семејство се заблагодари на сите донатори, поддржувачи, споделувачи. Тие споделија и дека последните 5.000 евра кои недостасувале, ги донирал Костадин Ацевски, кој е ексфункционер и додаваат: „бескрајно благодариме, со оваа помош ни ја скративте голгота и чекањето“.
„Елеонора заминува на трет третман во Турција. Ви благодариме на сите кои несебично помогнавте и ја биете оваа битка заедно со нас. Успеавме да ги собереме потребните средства за третманот со матични клетки. Без сите вас од најголеми до најмали донатори, споделувачи, помагачи, ништо немаше да биде исто. Не можеме да ја опишеме благодарноста, бидејќи секој третман е шанса за подобрување на состојбата на нашата Елеонора. Благодарност до ЕCrowd, телефонските оператори Телеком и А1, Кристијан Ландов, колеги, пријатели, другари, роднини“, велат од семејството на Елеонира и додваат:
„Она што се случи вчера нѐ остави без зборови, последните средства во висина од 5.000 евра ги донираше Костадин Ацевски. Бескрајно Ви благодариме, со оваа помош ја скративте голготата и чекањето. Тргнати се сите барикади за да можеме во најкус период да заминеме во болницата „Лив хоспитал“. Дагоцени сте сите за нас, особено за нашата Елеонора. Од прв до последен, уште еднаш, благодарност!“.
Ова е втор третман на Елеонора, откако првиот даде значителни резултати и помогна нејзината состојба да не се влошува, туку подобрува. Таа боледува од ретка болест, леукодистрофија – не може да оди, зборува, има чести епилептични напади.
За третмани со матични клетки, државата не ги покрива средствата.