#ФАЦИ
Угро штрајкува со глад во карантин
Раперот и продуцент Никола Угриновски- Угро најави штрајк со глад, по 18 дневниот карантин во скопскиот хотел „Ибис“. Угро е во карантин од 10 април, откако се врати од бродоградилиште во Сен Назер во Франција, каде што исто така беше еден месец во изолација. На бродот, тој работеше како радиодифузен опаратор. Немсто 14 дена , тој веќе е 18 дена во карантин и покрај негативниот тест за КОВИД -19, тврди раперот
„Ве инфромирам официјално дека од 27 април, почнувам со штрајк со глад, одбивам било каква медицинска нега и ќе го известам секој можен медиум и јавноста за мојата состојба и ситуација во која се наоѓам. Мојот протест ќе трае сè до моментот додека не бидам ослободен од нелегалниот карантин, и покрај негативниот тест на Ковид-19 и поминатиот карантински рок. Го задржувам правото овој screenshot да го употребам и да го препратам до медиумите, невладини организации, амбасади и јавноста. Без почит, Никола Угриновски“, вели Угро во писмото што го испратил до надлежните.