Медиасет.мк

#ФОКУС

Утврдена причината за катастрофата во Бејрут, над 100 загинати и 4.000 повредени

Во вчерашната страотна експлозија во либанскиот главен град Бејрут, билансот на загинати се искачи над 100, а повредени се илјадници луѓе, соопшти утрово локалниот огранок  на Црвениот крст. Билансот не е конечен, затоа што според спасувачките служби, многу тела се затрупани под урнатините.

Десетина згради во близина на пристаништето каде се случи експлозијата се целосно урнати, а стотици згради ширум градот се оштетени. Експлозијата предизвикала потрес со јачина на земјотрес од 3.5 степени.

Болниците во Бејрут бргу се исполниле, а низ градот цела ноќ се ширеле повици за донирање крв за да им се помогне на повредените. Со часови по експлозијата, која е најтешката во историјата на Бејрут исполнета со војни и разурнување, амбулантните возила од целата држава ги пренесувале повредените во бејрутските болници.

Ненадејната катастрофа што го погоди Либан се случува во време кога здравствените капацитети на земјата веќе се оптоварени со епидемијата на коронавирусот, а државата се бори со тешка економска криза.

Либанскиот претседател, Мишел Аун, изјави дека експлодирале 2.750 тони амониум нитрат оставени повеќе од шест години во еден склад без никакво обезбедување и надзор.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: