Медиасет.мк

#ФАЦИ

Ване Цветанов ја запроси Дунавка Трифуновска во авион

Во корона сивилото единствена светла точка беше љубовта која минатиот месец од одмор во Турција ја обелоденија манекенката Дунавка Трифуновска и Ване Цветанов, екс директорот на Агенцијата за спречување перење пари. Уште не помина озборувањето, по 20тина дена оваа вљубена двојка за mms.mk екслузивно откри уште еден убав момент, дека се свршиле и тоа на доволно лудо место, какви што се и тие двајцата- во авион на 10.000 метри, на пат кон Турција а веќе се прават и подготовки за свадба.

Но, да почнеме хронолошки. Од почеток. Кога оваа двојка се вљуби толку многу и реши за кусо време да дојде до брак. Секако, дамите имаат предност.

-Со Ване се познаваме две години ама онака, од видување, излегувавме на исти места . Тој не е мој профил на дечко, сум го гледала со други очи, на поинаков начин. По две години на слава на „Св. Никола“ братучед ми правеше голема журка и Ване дојде со друштво. И толку беше. Некаде после „8 Март“ му се јавив ама си прававме обичен муабет. После тој ми честиташе Велигден. Од тие неколку разговори свативме  колку за многу работи исто размислуваме, дека важни ни се исти вредности, почитување дом, во поглед на животот, ист стил на живот, вели Дунавка, а Ване ја надополни:

– Ако и двајцата надворешно делуваме сосема поинаку, сепак, сме доста конзервативни. Месец дена пред првата средба јас и наговестив некои работи, дека сум при крај во расчистување на некои обврски и дека не сакам да ја вовлекувам неа. Кога си ги средив работите и се јавив и и реков- е сега веќе може да се видиме, откри Ване.

Првата средба се случила на почетокот на јуни, кога Ване отишол кај неа на работа за да ја покани на кафе.

-Во денешно време и машки и женски веднаш напаѓаат, ама тоа се ликови. Мене тој воопшто не ми изгледаше таков. Ми изгледа многу прибран и мене тоа многу ми се допадна. Јас не сакам луѓе кои се расфрлаат со емоции. Дојде кај мене на работа и отидовме на кафе, вели таа а Ване додаде:

„Покрај кафето разговаравме долго време за многу нешта, се пронаоѓавме фрекфенција по фрекфенција за да сватиме дека комплетно сме на иста бранова должина“.

Дунавка вели дека нивната приказна ја направил Ване. Тој, пак, вели дека имал доволна мотивација за да ја направи. Од првото кафе веќе се неразделни, а во меѓувреме, после едно пешачење  ја започнале љубовната приказна. По завршување на изборите, по еден месец откако биле во тајна љубов решиле да заминат во Турција на одмор, од каде и јавно обелоденија дека се заедно.

Прашање- дали планираат брак немаше потреба, бидејки свршеничкиот прстен, за кој таа вели дека е дијамантски, веќе е на нејзината рака. Ване и ја побарал раката во авион, што на некој начин одморот во Турција им бил еден вид меден месец.

„Јас проценив дека си жената на мојот живот, дали сакаш да го поминеш животот со мене“ и рекол Ване кога ја запросил.

-Јас реков да и додадов: „Овој прстен да ти биде последен“, вели Дунавка среќно и насмеано.

А тоа, истото му го посакала и мајка му на Ване, која кога ја слушнала радосната вест:

„Со среќа нека ви е ама овој прстен да ти е последен“.

Трендинг

На почеток
error: