Медиасет.мк

#ФОКУС

Вардар го смени официјалното име

Вардар пред неколку месеци беше во исклучително тешка финансиска ситуација и клубот беше на чекор пред згаснување, бидејќи Сергеј Самсоненко кој се повлече од челната позиција.

Компанијата „Ватростална“ официјално стана сопственик на македонскиот гигант и актуелниот ракометен првак на Европа го смени официјалното име и сега клубот се вика Вардар 1961.

Како што информира faktor.mk, паричниот влог и основната главнина е 25.000 евра, а Михајло Михајловски и официјално е регистриран за генерален менаџер на „црвено-црните“.

Бизнисменот претходно најави дека ќе донесе во клубот партнери-помагатели, па така претседател на Одборот на директори е Бојан Јанев, додека неизвршен член на истиот е Благоја Лазаревски, двајцата членови на УО на Државна Лотарија на Македонија.

Со оглед на тоа дека во наредниот период клубот планира да донесе нови големи засилувања и да се обиде да го задржи статусот на еден од најдобрите европски ракометни клубови, овие промени ги радуваат навивачите на новоименуваниот Вардар 1961.

Новиот претседател на клубот заедно со неговите соработници мора прво до крајот на годините да ги подмири сите долгови, а тоа пред сѐ се однесува на играчите на кои клубот им должи пари.

Вардар 1961 како нов клуб се води како основан на 29 мај, 2020.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: