#ТРЕНД

Вдовицата на Шон Конери ја откри неговата последна желба

Објавено на

По смртта на легендарниот актер Шон Конери, неговата сопруга Мишелин Рокебрун Конери, со која беше во брак 45 години, зборува за неговите последни моменти.

“Таквиот живот не беше за него. Не можеше да се изрази во последно време. Барем умре во сон, беше многу мирен. Цело време бев со него и тој само заспа. Така сакаше да биде”, рече таа за Дејли Меил.

“Имаше деменција што го зеде својот данок. Неговата последна желба се исполни, да умре без многу врева”, открила Мишелин.

Таа има само пофални зборови за својот сопруг.

“Тој беше прекрасен и поминавме прекрасен живот заедно. Беше пример за мажите. Ќе ми биде многу тешко без него, јас свесна сум за тоа, но не може да трае вечно и тој замина во мир”, додаде таа.

Шон и Мишелин се запознале уште во 1970 година, а пет години подоцна се венчале. Тие се во брак 45 години. Конери беше вљубен во својата сопруга до смрт.

“Мишелин е неверојатна жена. Таа е љубовта на мојот живот”, рече Конери во едно интервју.

Трендинг

Exit mobile version