Медиасет.мк

#ТРЕНД

Вељко Ражнатовиќ заврши во полиција поради тепачка

Синот на српската пејачка Цеца, Вељко Ражнатовиќ, заврши во полиција поради тепачка со група на млади момци кои биле во алкохолизирана состојба, пренесуваат српските медиуми. Тепачката се случила пред домот на Богдана Родиќ, партнерката на Вељко која минатата недела се породи.

Лицата кои го вознемириле Вељко, се појавиле пред неговиот дом и биле во алкохолизирана состојба, а од колата пуштале гласна музика, вели неговиот адвокат.

„Кој си ти да ни кажуваш што да правиме“, му одговориле, откако Вељко ги замолил да си заминат, затоа што во куќата биле неговата партнерка Богдана со бебето.

„Тие го опкружиле и почнале да му дофрлаат. Еден од нив го провоцирал и застанал пред него, по што дошло до физички контакт. Вељко се обидел да спречи инцидент и ги замолил да не прават проблеми, затоа што во куќата му било бебето. Но, откако дојде до тепачка, тој мораше да отиде во полиција“, вели неговиот адвокат.

Тој објасни дека Вељко бил нападнат пред неговата куќа и дека не бил ниту уапсен, ниту приведен.

„Вељко отиде во полициска станица, не како осомничен, туку да даде изјава во својство на граѓанин. Тој само сакаше да го заштити мирот и спокојот на своето семејство“, изјавил неговиот адвокат Радомир Мунижаба.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: