Медиасет.мк

#ФАЦИ

Филипче кажува како останува смирен во секоја ситуација

По денешната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче, д-р Жарко Караџовски и д-р Арбен Зибери, по реакциите на јавноста дека се одговараше на новинарските прашања со нетрпеливост, Филипче им се заблагодари на медиумите за коректниот однос во тек на целиот период.

Неговата смиреност за време на јавните излегувања и стрпливоста со која веќе четири месеци, од почетокот на епидемијата одговара на новинарските прашања, без разлика дали се оправдани и логични, често пати во јавноста го покренала прашањето – што користи за да биде секогаш смирен? Лекарства, вежби или медитација, често може да се прочитаат разни претпоставки на социјалните мрежи.

Во разговор за ,,Фокус” Филипче појаснува дека јогата, медитацијата или пак лекарства за смирување, како лексилиум, не се дел од неговиот начин на живот.

-Апсолутно ништо не практикувам или користам за смирување, ниту јога, медитација или пак лексилиум. Тоа е вистината. Само слушам внимателно за време на пресовите. Отсекогаш сум смирен, ми се случувало да седам и да работам на микроскоп со часови – открива министерот.

На прашањето дали и во друштво исто така е смирен, дали му се случува да избувне или пак да повиши тон со блиските, дома, одговара дека сталоженоста е дел од неговиот карактер.

-Во друштво никогаш не сум повишил тон, со ептен блиски знаеме да си подвикнеме, но се мириме по три минути, а дома не смеам – се смее Филипче.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: