„Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, македонскиот документарен филм со историски две номинации за Оскар, вечерва ќе има светска ТВ-премиера на телевизијата Телма, во 19:20 часот.
„Медена земја“ влезе во историјата на македонската и светската кинематографија со двете номинации за најдобар документарец и најдобар странски филм.
Филмот е за Атиџе Муратова од овчеполското забито село Бекирлија, последната пчеларка на диви на пчели во Европа и нејзините напори да ги спаси пчелите од домашните пчелари, кои го нападнале нејзиниот имот и ѝ ја загрозиле живеачката.