Медиасет.мк

#КИНО

Вечер сите пред ТВ: „Медена земја“ се емитува на Телма!

„Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, македонскиот документарен филм со историски две номинации за Оскар, вечерва ќе има светска ТВ-премиера на телевизијата Телма, во 19:20 часот.

„Медена земја“ влезе во историјата на македонската и светската кинематографија со двете номинации за најдобар документарец и најдобар странски филм.

Филмот е за Атиџе Муратова од овчеполското забито село Бекирлија, последната пчеларка на диви на пчели во Европа и нејзините напори да ги спаси пчелите од домашните пчелари, кои го нападнале нејзиниот имот и ѝ ја загрозиле живеачката.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: