Медиасет.мк

#ФОКУС

ВИДЕО: 5 мурали во Скопје инспирирани од епидемијата

Во организација со Центарот за современи уметности, а инспирирани од пандемијата со короната, неколку уметници насликаа пет мурали во Скопје. Со ова тие им оддадоа почит на луѓето што се најизложени во борбата со новиот вирус. Муралите се наоѓаат на пет локации во градот. Видеото за тоа како настанале муралите го објави министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи.

„На 5 локации во Скопје група уметници преку Центарот за современи уметности, спроведе уметнички акции со цел да се оддаде јавна благодарност до сите коишто се во првите линии на одбрана на граѓаните, да се истакне значењето на почитувањето на препораките од надлежните, социјалната еднаквост и правда во време на пандемија.

Граѓаните можат да ги видат муралите пред поликлиника Бит Пазар, на фасадата на Мобилната монтажна галерија во Парк на франкофонија, Железничка станица и рампата на кејот на Вардар“, напиша Филипче.

https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/683092129121716/

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: