Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

(Видео) Албанец нокаутиран на дебито во УФЦ: Бразилец го „успива кралот на лавовите“ со ударот на годината

Медиасет.мк
пред 2 години
1709459298-MMA-750x402-1

Бернардо Шопај, борец со албанско потекло кој се натпреварува под шведско знаме, доживеа тежок нокаут во своето деби во УФЦ во третата рунда против Винисиус Оливеира од Бразил.

Во две рунди борците беа изедначени, но во третата, на 20 секунди до крајот, Бразилецот го искористи обидот на Шопај да се засолни по два удари во глава, полета и скокна високо, удирајќи го Албанецот десно во брадата со коленото.

Така, дебито на борецот роден во Стокхолм, кој инаку го носи прекарот „Крал лав“ поради големата тетоважа со лав на градите, во УФЦ се случи на прилично поразителен начин.

За Чопај ова беше трет пораз во 14 меча, од кои првиот со нокаут, додека Оливеира стигна до 20-та победа во кариерата (16 со нокаут), со три порази.

Ова несомнено ќе биде еден од кандидатите за потег на годината во УФЦ и ММА, иако третиот месец од 2024 година само што започна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library0rfnp628i6ldcus4RFX

Купила автомобил и „заборавила“ на него 43 години: Имал само 12 километри, го продала за 53.711 евра

Вирално | пред 1 час

media-library6vdugsr22mpg6eEWOJX

(Фото) Несекојдневна сцена на Крит: Мршојадец се качил на крило на авион пред полетување, пожарникарите морале да интервенираат

Вирално | пред 3 часа

media-library95mbr24tp2jgb1Cb9rk

(Фото) Мајмунот Лука побегна од зоолошка градина во Шкотска, па сам се врати

Вирално | пред 4 часа

komarec

Зошто комарците ве избираат токму вас? Научниците откриваат што ги тера да ве „бркаат“ цело лето

Вирално | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања