Во време на коронавирусот, корна, пандемијата која владее во целиот свет многу јавни личности снимија песни за короната.
Драган Спасов – Дац и Александар Митевски направија кавер на познатата „Bella Ciao“, во придружба на Брастет Скопје.
„Верзијата е направена за еден ден и со многу љубов„, велат Дац и Александар.
Спотот е снимен во карантин, во домашни услови на учесниците, без користење на професионални камери и светла. Снимен на телефони, а истотака, измонтиран од музичката екипа. Оваа песна е дел од серијалот на Дац и Александар и нивните секојдневни “карантински” online настапи на фејсбук.
Во продолжение слушнете како звучи „Корона чао“.