#ФОКУС

ВИДЕО: Американски рапер застрелан во престрелка

Објавено на

Американски рапер Ник Бликски е застрелан во Бруклин во престрелка со огнено оружје,  а од прострелните рани починал во болница, потврдила полицијата, пренесе „Њу Јорк Пост“.

Бликски, роден како Никалаус Томсон, пронајден е на улица во локва крв откако бил застрелан во торзото, велат од полицијата, а на социјалните мрежи неговите пријатели, соработници и фанови веќе се опростуваат од младиот рапер.

“Седум пати беше пукано во него, изгледаше како да е мртов“, изјавил сведок на престрелката.

Само неколку часа пред да биде убиен, Ник на социјалните мрежи објавил фотографија од новиот албум, кој требало да излезе на почетокот на јуни.

-Дали сте спремни? Коментирајте ако сте- напиша тој, а само неколку часа подоцна музиката падна во втор план а неговите фанови изразуваа сочувство.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

Exit mobile version