Анастасија Ражнатовиќ беше гостинка во емисијата „Сценирање“ каде за првпат зборуваше за своето растење и тешките семејни моменти.
Младата пејачка раскажа дека апсењето на Цеца се криело од неа и Вељко и дека за тоа дознала две години подоцна, а потоа со растреперен глас зборуваше за својот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.
„Јас него често го сонувам. Во тие соништа секогаш се појавува на еден ден и јас знам дека потоа си заминува, исчезнува. Ништо специјално не му зборував, едноставно не се одвојував од него, постојано го прегрнував и го молев да остане уште малку. Не знам како е да се има татко за да знам да споредам, но беше тешко. Особено на Вељко. Никогаш немаше таткова фигура… Во тие некои машки работи не можеше да се потпре на татко му. Беше навистина тешко“ – ја започна приказната.
Анастасија додаде дека и на Цеца ѝ било многу тешко и дека „никогаш немала грб“, но и дека смета дека за тоа најмногу ја напаѓаат.
„И беше тешко и на мама, никогаш немаше грб и затоа сите, одеа со камења кон неа… Знаеја дека нема грб. Лесно е жена која е самохрана мајка, неважно што е преуспешна и силна, лесно е да се нападне жена која нема грб“ – кажа.