Астронаутката Кристина Кох, членка на мисијата „Артемис II“, откри како дури и десетдневен престој во вселената значително влијае врз човечкото тело, особено врз рамнотежата и ориентацијата.По враќањето на Земјата, таа сподели видео на кое се гледа како се обидува да оди по права линија, но со видливи потешкотии да ја одржи стабилноста. Иако екипажот секојдневно вежбал по 30 минути, адаптацијата на Земјината гравитација се покажала како сериозен предизвик.Кох објаснува дека причината лежи во нарушувањето на вестибуларниот систем – механизмот кој му помага на мозокот да ја разбере положбата и движењето на телото. Во услови на микрогравитација, овие сигнали се менуваат, па мозокот учи да ги игнорира. По враќањето на Земјата, телото повторно мора да се прилагоди, што предизвикува нестабилност и зависност од визуелната ориентација.„Кога ќе се вратите, најмногу се потпирате на видот за да се снајдете во просторот. Едноставно одење со затворени очи може да биде вистински предизвик“, посочува таа.Астронаутката нагласува дека ваквите искуства имаат и практична вредност на Земјата, бидејќи помагаат во разбирање и третман на состојби како вртоглавица, потрес на мозокот и други невролошки нарушувања.Мисијата „Артемис II“, покрај научниот придонес, предизвика и глобален интерес за повторното истражување на Месечината. Кох истакна дека нивната цел не била само технички успех, туку и инспирација за идните генерации.
