Медиасет.мк

Медиасет

Приказните за Рингов продолжуваат да живеат преку „Фудбал под сенка“, каде е прикажан тој од Вардар до вечноста

Во емотивна атмосфера исполнета со сеќавања, анегдоти и голема почит, беше промовирана биографската книга „Фудбал под сенка“, посветена на легендарниот македонски фудбалер Васил Рингов, во авторство на новинарот Срѓан Ивановиќ.Делото беше претставено од самиот автор, уредничката Бисера Бендевска и синот на Рингов, Марио Рингов, кои споделија лични впечатоци и моменти од создавањето на книгата, но и од животот на фудбалската легенда.Книгата на искрен и непосреден начин ја раскажува животната и спортската приказна на Рингов, еден од најзначајните фудбалери во македонската и југословенската историја, чие име е нераскинливо поврзано со успесите на ФК Вардар. Делото нуди увид не само во неговата кариера, туку и во личните предизвици, вредности и размислувања што го обликувале како човек.Авторот Срѓан Ивановиќ откри дека идејата за книгата произлегла од лична средба со Рингов, кој првично самиот ја предложил биографијата. Следувале бројни средби и разговори, во кои Рингов со часови раскажувал за својот живот, оставајќи зад себе богат материјал и сведоштва.„Не сакам да зборуваме за головите, тие ги има на Јутјуб. Сакам да зборуваме за животот“, му рекол Рингов, оставајќи јасна насока дека книгата ќе биде повеќе од спортска биографија – приказна за човекот зад славата.Делото излегува постхумно, неколку месеци по неговата смрт, а симболично беше промовирано на датумот на неговото раѓање.Неговиот син Марио Рингов истакна дека секој што го познавал ќе го препознае неговиот глас низ страниците на книгата, додавајќи дека ова е начин неговите приказни да останат живи за идните генерации.На промоцијата се обратија и негови пријатели и поранешни соиграчи, меѓу кои и Дарко Панчев, споделувајќи лични сеќавања и моменти што ја потврдуваат големината на Рингов како спортист и како човек.Книгата „Фудбал под сенка“ е веќе достапна во книжарниците и онлајн, носејќи ја приказната за еден од најголемите македонски фудбалери до новите генерации.

На почеток
error: