#КИНО

(ВИДЕО) „Бетмен“: Смртоносни игри со човекот-лилјак

Објавено на

Првиот трејлер за претстојниот филм – The Bаtmаn – се појави на интернет пред неговата премиера на виртуелната конвенција во DC FanDome во саботата.

И според официјалниот тизер што процури неколку часа подоцна, режисерот Мет Ривс испорачува нови летачки авантури на Брус Вејн, заштитникот на Готам кого го игра Роберт Патинсон.

Од неколку почетни сцени станува кристално јасно дека филмот е мрачен, со брутални сцени и, заедно со злобните тонови исполнети со тензија ќе ги држи гледачите на работ на седиштата во нестрпливо исчекување.

Познатите негативци и вечните непријатели на Бетмен, Ридлер и жената-мачка (кетвоман) играат смртоносни игри со него.

Првиот филм на Патинсон во улога на богаташот Брус Вејн или темниот витез кој се бори против криминалот, е насловен The Bаtman (човекот лилјак).

Трендинг

Exit mobile version