Медиасет.мк

#ФОКУС

ВИДЕО: Болдвин го имитираше Трамп, па се напи варекина

Актерот Алек Болдвин во шоуто „Saturday Night Live“ често го имитира американскиот претседател Доналд Трамп.

Овој пат Болдвин го глуми Трамп обраќајќи и се на нацијата преку Зум додека пие варекина за да се одбрани од коронавирусот.

„Честитки до генерацијата ковид-19“, им рече на Болдвин на измислените матуранти од училиштето Св. Марија Магдалена.

Скечот започнува со директорката, која ја игра Кејт Мекинон, која се пошегува дека Трамп е осмиот избор на учениците. Тогаш Болдвин се појавува во рамката со капчето „Make America Great Again“.

Во еден момент, тој го грабна шишето белило, а потоа рече дека тој е пример дека сè може да се постигне, дури и стана водечки експерт за заразни болести.

„Опкружете се со најлошите можни луѓе, затоа секој пат ќе заблескате. Ако не разбирате нешто, велете дека е глупаво. Никогаш не носете седство за сончање. Живејте го секој ден како да ви е последен , зашто ќе го пуштиме овој вирус да дивее , овој вирус настанат во лабораторијата на Обама. Ве оставам со мојот омилен мотивациски цитат – посегнете по sвездите, затоа што ако сте sвезда, ќе ви овозможат да го сторите тоа“, рече маскираниот Болдвин.

Кога сфати дека дипломираните студенти се откажале, тој искоментира: „Овој тим се намали побрзо од Адел“.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: